Соопштение за јавност
Делегација на СДСМ претставена од генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски, потпретседателот Стефан Богоев, Евгенија Јанакиеска од СДММ и Ѓунер Исмаил, денеска на дванаесетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.
Претседателот Глигоров беше политичарот кој со својата мудрост и искуство ја обезбеди независноста на државата, успеа да ја зачува безбедноста и мирот во период кога регионот беше зафатен од виорот на војната.
Ќе остане запаметен како Претседател кој прв се обрати на македонски јазик од говорницата на ОН на 8 април 1993 година кога Република Македонија стана 181 членка на Обединетите Нации.
Македонските граѓани и членовите на СДСМ со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувања на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата.
Со членка книшка 001 на СДСМ, Глигоров со својата мудрост, храброст и визионерство, ги постави темелите на независна, демократска суверена држава признаена од целиот свет, која денес е дел од НАТО и наскоро ќе стане дел од ЕУ.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како одговорна и државничка партија ги негува и спроведува вредностите коишто претседателот Глигоров ги остави зад себе.