fbpx

Шекеринска: Европска солидарност за демократска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на Меѓународната конференција „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“

Благодарност до Олоф Палме, пред се до партијата на Европски социјалисти и до сите вас што денеска дискутираме за заеднички проблем и нудиме заеднички решенија.

После изборите во 2014-та година, кои покажавме дека биле криминални, корумпирани, дека граѓаните биле изложени на сериозни притисоци, имавме една средба заедно со Претседателот на СДСМ, со еден поранешен европски политичар. И тој ни кажа што му соопштил на тогашниот премиер Груевски – Господине премиере, сите во Европа знаат дека според ова како ги водите изборите можете да менувате датуми, можете да менувате кандидати, можете дури и да ги менувате правилата и законите ама што и да менувате, однапред знаете кој ќе биде победникот, тоа сте секогаш вие. Ова не е демократија. И заради ова сме сите на заедничка маса, дека нема да дозволиме во 2016-та година да и се случи тоа што го слушавме и гледавме неколу изборни циклуси претходно.

Во Македонија долго време страдавме заради тоа што немавме договор околу правилата за кои мора да има договор. Изборни правила, антикорупциски правила, правила кои што се врзани со владеење на правото. Меѓутоа во последниве неколку години ние се соочивме со поголем проблем. Што да правиш ако правилата се договорени, дури и со консензус, а притоа оние коишто ги донеле не ги почитуваат? И тоа е најголемиот страв или скепса коишто постои во Македонија. Имаме договор од Пржино, имаме нов изборен закон, имаме нови институции, но дали тие ќе паднат на испитот на нивно спроведување?

Денеска како што говориме, на некои 100 метри од нас, се случува еден друг, во суштина политички настан од големо значење. Пред само неколку дена Уставниот Суд потврди дека контролата на власта врз овој дел од државата продолжува. Уставниот Суд покрена иницијатива или постапка за да Претседателот на државата може да дава помилување и во случај на изборни кражби, нешто што од 2009 –та година се сметаше за алфа и омега во македонската политика. Крадеш избори, нема амнестија. Лошата вест беше дека Уставниот суд покажа дека контролата продолжува. Добрата вест е што граѓаните во Македонија покажаа дека веќе нема да се согласат со такво однесување.

И затоа таму има судии и таканарачени судии, меѓутоа пред зградата на Уставниот суд има граѓани, навистина со големо Г. И сакам да се заблагодарам на сите оние коишто во Македонија не потклекнаа пред огромните притисоци и големиот притисок за којшто говореше Џабир Дерала, а коишто ги гледаме секој ден.

Македонија мора да го реши проблемот со Избирачкиот список. Тоа е проблем кој долги години ја мачи Македонија и тоа е услов без кој не се може.

Кога ја слушавме денешната наша колешка на панелот, слушнавме паралели и со Таџикистан и мене увото сеуште ми реагира дека па тоа не е држава со која Македонија сака да се споредува. Реалноста е сурова Македонија е позиционирана на листата на медиумски слободи, помеѓу Таџикистан и Мали, и тоа не е друштво кое одговара на земја која пред 10 години, стана земја кандидат на Европската унија.

Нашата задача е да направиме се, Македонија да се споредува со државите кон кои што аспирира, тешко ни е да се споредуваме со Норвешка, понекогаш лесно ни е да се спроведуваме со Бугарија, но европските стандарди мора да бидат наша заедничка цел, и затоа овие две теми, ќе бидат живи теми, за да покажеме дека Македонија е зрела, нејзините граѓани се зрели за фер и демократски избори. Проблемот е дека некој во власта знае дека ќе изгуби се, ако такви фер и демократски избори се одржат.

Последната порака сите во оваа држава, порано или подоцна станаа жртви на недемократско владеење, дури и луѓето кои беа блиски до владеачката партија се соочија со одмазда, секој пат кога ќе го кажеа своето мислење и затоа во нашето општество треба многу повеќе да се зборува за солидарност. Ако ние како опозиција не сме тука да ги заштитиме медиумите кога се под притисок, ако медиумите не се тука да ги заштитат граѓаните кога се под притисок, тогаш на крај што и да ни се случува ќе нема кој да ни помогне.

Денеска ми е драго што овде сме сведоци на голема европска солидарност, кон македонските граѓани, кон Република Македонија. Солидарност која ја видовме и во добри и во лоши моменти за нашата држава.

На крајот факт е дека ќе ни требаат фер и демократски избори, но она што е потешко не чека после изборите, како да го рехабилитираме системот на правна држава, како да ги рехабилитираме вредностите во кои искрено веруваме, за тоа нема да бидат доволни едни избори за тоа ќе биде потребна промена во однесувањето на сите. Промена во нашите одговорности како граѓани и како политичари, и заради тоа најголемиот акцент го ставивме против нееднаквоста во Македонија, која што е секаква економска, социјлна, но и политичка и регионална. Рековме дека добра власт, може да биде само контролираната власт, власта која не е со безграничната контрола и власт која што не ги плаши граѓаните, туку се плаши од нивниот суд, и сметаме дека ова е битка за која што сите заедно вреди да се бориме.

Имавме денеска неколку коментари околу реченицата на Олоф Палме, она што ни се случи во последните 12 месеци, ме тера да кажам дека оваа власт сакаше да убие многу гласници сакаше да ги убие сите сведоци на нејзиниот срам, меѓутоа овие следни месеци ќе покажеме дека дури и автократска власт, неможе да ја убие вистината.

 

 

 

Последни вести