fbpx

Во континуитет се преземаат мерки против загадениот воздух, послде децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Долгогодишната, децениска негрижа за животната средина и игнорирањето на проблемот со загадувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа.

Новата градска власт предводена од СДСМ како и државните институции решавањето на проблемот со аерозагадувањето го поставија на врвот на приоритетите.

За таа цел, континуирано се преземаат низа мерки на краток, долг и среден рок, за решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.

Покрај мерките што ги преземаат државните институции и градот Скопје презема континуирани мерки за намалување на загаденоста.

Зазеленувањето е дел од есенската акција на Град Скопје кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 садници. 

Најфрекветната сообраќајница во Скопје, на Бит-пазар веќе е засаден нов дрворед од 40 висококвалитетни садници јасен, со што овој простор некогаш познат по сообраќајниот хаос, добива ново зеленило и пешачки простор.

Се чисти и коритото на реката Серава од кал, песок, ѓубре и комунален отпад со што продолжува акцијата за чистење на коритата и каналите во Скопје.

Во изминатиот период на територија на градот расчистени се над 350 диви депонии, воведено е рачно миење на градските булевари и улици, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух.

Истовремено, обезбедени се средства за набавка на 40 нови еколошки автобуси што треба да заменат дел од старите и нееколошки автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие.

Доделени се субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, а мрежата на велосипедски патеки е подобрена и проширена за нови 12 километри.

Ова се само дел од мерките што Град Скопје ги презема за справување со проблемот со загадувањето.

Од страна на Град Скопје, Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините и надлежните институции секојдневно се преземаат мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух, со крајна цел во наредниот период загадувањето на воздухот да се намали до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во Македонија.

Последни вести