fbpx

ДПМНЕ предложи слаби кадри за техничката Влада, немаат кадровска ниту програмска понуда

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Слаби и нестручни кадри понуди ДПМНЕ за техничката влада.

ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

За МВР, ДПМНЕ го понуди Панче Тошковски, кој е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум.

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место си ја вработила во УЈП и нејзината сестра.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството, а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Заедничко за сите нив е што зад себе немаат некаков резултат.

Последни вести