На сите треба да им биде јасно дека МРТ денес не ја оствари целта за која што е формирана. Сами треба да се запрашате зошто гледаноста на МРТ опаѓа. Најголемиот дел на финансиските средства коишто ви доаѓаат како приход на МРТ, доаѓаат токму од граѓаните на Република Македонија. Тоа се преку 860 милиони денари, рече пратеникот Стојко Пауновски во однос на предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година;