Соопштение за јавност
Со секое ново интервју, со секоја најава на антизападниот пион Христијан Мицкоски самиот потврда дека тој и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат единствените бранители на криминалот на Никола Груевски.
Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, нема идеја, нема програма, нема план, предлог, ништо. Мицкоски нуди само деструкција, тензии и блокади.
Саде црнила се вртат во главата на пионот Христијан Мицкоски. Сигруно затоа што за време на најголемото црнило и зло за Македонија, за време на режимот на неговиот Никола Груевски, токму Мицкоски му бил советник во погубните и деструктивни политики кои се уште ги следи.
Очигледно е дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е исто како и раководството предводено од Груевски, тоа е истата матрица на Груевски, матрица на деструктивност, неспособност и неодговорност.
Таквата матрица беше силно поразена од граѓаните, не се заборава криминалното 11 годиншно владеење. Мицкоски може да повикува на протести и да протестира колку сака, граѓаните ја гледаат разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ.
По 11 години изолација, стагнација и неизвесност, Македонија, за нешто повеќе од една година се врати на евроинтеграцискиот процес, се гради како едно општество за сите во кое институциите работат за граѓаните и нивните интереси.
Економијата расте, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, платите растат во сите сектори, зголемена е минималната плата, социјалната помош расте и до 300 проценти, индустриското производство расте, се бележат рекордни износи на странски инвестиции, земјоделците добиваат повеќе пари, лекарите, полицајците, војниците, наставниците, работниците…
Нека учи Мицкоски што е економија, раст и развој.
Македонија и граѓаните чекорат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ, Мицкоски и неговите соработници остануваат заглавени на браникот на криминалот.
Скопје, 24.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА