fbpx

Ковачевски: Собранието треба да постапи доколку партија којашто е дел од Влада побара разрешувања на нивни министри

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарски прашања, Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ

Доколку партија која што е дел од Влада побара нејзини членови да бидат заменети со други тогаш нормално дека во Парламент тоа ќе го предложат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во одговор на ноавинарско прашање.

-Доколку партија која членува во Влада побара нејзини членови на Влада да бидат заменети со други тогаш нормално дека тие што се во парламент тоа ќе го предложат. Тоа се случувало и од страна на други партии кои што имале свои претставници во влада па потоа предлжувале други претставници во владата. Тоа е сепак барање на самите политички партии, рече Ковачевски.

Не го одобрив разрешувањето на директорката Стефановиќ, додаде Ковачевски.

-Треба да се видат сите разрешувања како се правени, јас не го одобрив ниту разрешувањето што го направи министерот Меџити на директорката на инфективна клиника Милена Стефановиќ, без да образложи. Тој даде едно срамно образложение дека ја разрешил со оглед на тоа дека немала сертификат за англиски јазик а таа е врвен доктор, светски познат која што има завршено на Кембриџ, така да од тој аспект не би ги коментирал разрешувањата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Последни вести