fbpx

Ковачевски: Со 100 милиони евра поддршка за 919 домашни компании, реализирани се инвестиции од 500 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во изминатите 6 години со 100 милиони евра поддржавме дури 919 домашни компании кои инвестираа досега над половина милијарда евра, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска во изјава за медиумите по посета на компанијата Лапласт М.

-До 2017 година имаше нула поддржани домашни компании од државата! Тогашната влада ја рекламираше државата како земја на евтина работна сила а домашните компании беа заборавени и во нив не се инвестираше воопшто од страна на државата. Во изминатите 6 години, со 100 милиони евра, поддржавме дури 919 домашни компании , чија постигнатата вкупна реализација на инвестиции досега е во висина од над половина милијарда евра. Сето тоа генерира нови вложувања, работни места и плати за вработените. Значи ние, со 100 милиони евра поддржавме 919 компании – а пред 2017та, 100 милиони евра добиваше само една компанија за изведба на контроверзни со стиропор фасади кои што ден денес се распаѓаат, рече Ковачевски.

Денес, парите се насочени кон граѓаните, денес има повеќе за сите, има повисоки плати, повисоки пензии, има најголема помош во време на криза, потенцираше Ковачевски.

-Ние никого не оставивме сам, 2 милијарди евра беа вратени назад кај граѓаните кога им беше најпотребно. Имаме и нови 10.000 вработувања само изминатата година која јас бев премиер, а невработеноста беше намалена на 12,8% од оние кои беа 24% од 2016 година. Сето ова говори за вистинска посветеност на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, на овозможување развој за компаниите и државата, говори за правилните политики и реалната работа вложена изминативе години. Тоа е суштината на социјалдемократијата. Затоа често кажувам, со напорна работа, нема недостижна цел. Овие резултати сами зборуваат за тоа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести