Вие пред ова Собрание, пред целата јавност зборувавте дека ќе пристигнат 20.000 крави во Џумајлија. Му дадовте земјиште на Субрата Рој колку половина Охридско езеро. И сега мислите дека со едно извинување ќе се заборави оваа работа? 20.000 крави требаше да дојдат во Република Македонија. Злоупотреба на земјоделско земјиште сериозно е правена во овие 10 години, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија