fbpx

Владата предводена од СДСМ го рехабилитира здравството урнисано од ВМРО-ДПМНЕ се набавува медицинска опрема растат платите на лекарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО ДПМНЕ 11 години го урнисуваше на целокупниот здравствен систем, го потценуваше трудот на лекарите и ги погазуваше правата на пациентите само за да се остварат нечии криминални интереси.

Како резултат на таквите криминални и расипнички политики, медицинскиот персонал масовно си заминуваше, граѓаните не добиваа квалитетни здравствени услуги, а здравството беше пред колапс.

Владата предводена од СДСМ со огромна сериозност и одговорност го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба поради погубните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ.

Во изминатиот период интензивно се инвестира во осовременување на медицинската опрема, набавени се и 12 нови возила за итната помош, а направен е и одржлив план за изградба на нов клинички центар.

За да се обезбедат достојни услови за работа, за да се зголеми мотивацијата и ефикасноста, над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто со исплата на септемвриската плата, а беа зголемен и надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд,.

Платите во здравството ќе продолжат да растат. Со предлог Буџетот за 2019 година , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Со ваквите мерки се постигнува плата повисока од 90 илјади денари за специјалистите, со тенденција до крајот на наредната година таа да биде 100 илјади денари, онака како што беше ветено пред граѓаните, а се со цел вистински да се вреднува трудот на докторите и тиe да останат да работат во јавното здравство.

Со ова се потврдуваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за поквалитетни здравствени услуги за пациентите, реално вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем.

Скопје, 20.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести