fbpx

Платите растат во сите сектори, со предлог Буџетот за 2019 година обезбедуваме повеќе пари за граѓаните и повисоки плати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува раст на платите во сите сектори.

Со Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници.

Докторите специјалисти ќе добиваат поголеми плати за 10 отсто, за навистина да се вренува нивниот труд и за да продолжат да работат во јавното здравство.

Ќе продолжи и трендот за раст на платите, во приватниот сектор. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места. Истовремено, невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20 отсто.

Со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните мерки, владата предводена од СДСМ продолжува да создава реални услови за повисоки плати, нови работни места и подобар живот за граѓаните.

Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат, економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард.

 

 

 

Последни вести