Соопштение за јавност
11 години лицемерните ВМРО ДПМНЕ не покажаа загриженост за загадувањето и за здравјето на граѓаните. Напротив, со системското уништување на зеленилото и загрозувањето на животната средина заради остварување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ дополнително влијаеше за зголемено загадување на воздухот.
За разлика од лицемерниот и игнорантски однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежните институции започна системско решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.
Со Планот за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас.
Се засилува и инспекцискиот надзор и контрола, како и детекција на дивите депонии и нивно решавање, а Град Скопје започна и набавка на 40 еколошки градски автобуси кои треба да ги заменат старите и нееколошки автобуси.
Истовремено, ќе се субвенционира и набавката на еколошки електрични автомобили, како и субвенции за трошоците за вградување на уред за погон на ТНГ.
Со сите мерки кои се спроведуваат сега и тие во наредниот период се очекува во наредниот период, загадувањето двојно да се намали.
Решавањето на проблемот со аерозагадувањето е и останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ.
Скопје, 20.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА