Соопштение за јавност
Непобитен факт е дека успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата, струјата ја субвенциониравме и до 90% за над 660 илјади наши семејства, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќање при отворање на промотивниот штаб на СДСМ во Кисела Вода.
-Во времето на ДПМНЕ немаше ниту една мерка за поврат на парите кај граѓаните. Нула денари! А факт е дека СДСМ за само 3 години врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки. Со антикризните мерки ги поддржавме граѓаните, компаниите, институциите, ликвидноста на стопанството. Прво со 760 милиони евра и сега последно со 662 милиони евра и тоа за пензионерите, за самохраните родители, за ранливите категории на граѓани, за студенти, средношколци, домаќинствата со ниски приходи. Сите домаќинства со субвенционирана цена на електрична енергија, рече Ковачевски.
Без антикризните мерки, многу граѓани ќе беа оставени на раб на сиромаштија. И сериозни економски проблеми ќе имаа, тоа не го дозволивме, додаде претседателот на СДСМ.
Ковачевски зборуваше и за енергетските политики на СДСМ и испорачаниот резултат во енергетската транзиција.
-Во мојот мандат почна и енергетската транзиција и денес за само две години имаме над 600 МW инсталиран капацитет енергија од обновливи извори. А во 2016 имаше само 16 МW за цело владеење на ВМРО претходно. Еве што е направено за 2 години е капацитет поголем од вкупниот капацитет на РЕК Битола, рече Ковачевски.
Гледаме низ Европа многу посилни економиии се соочуват со поголеми проблеми, потести Ковачевски.
-Ги гледате штрајковите и незадоволството во Германија. Хрватските земјоделци, француските земјоделци. Кај нас нема, затоа што историски ајвисоко е нивото на субвенции. Сега вистинските земјоделци добиваат субвенции. Сега субвенциите се исплаќаат авансно. 30% веќе е исплатено на земјоделците. Затоа ќе продолжиме и предложиме нови мерки за помош со нови економски мерки со програмата 2024-2028 година, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.