Точно една година помина од првиот притисок на владата да ги натера сите фирми да набават фискални GPRS каси. 3 лиценцирани фирми ги продаваа овие каси за 16.940 денари ДДВ коишто денес чинат едвај 6000 денари. Ги наполнивте овие фирми со 34 милиони евра истиснати пари од фирмите, рече пратеникот Миле Андонов во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќањa на 80-тата седница на Собранието на Р.Македонија