Соопштение за јавност
Со СДСМ просечната плата достигна рекордни 40.000 денари што е и исторски највиско ниво на покачување плати во нашата држава.
Просечната плата сега е 650 евра, што е за 360 евра повеќе од 2017 година.
Рекордна минимална плата од над 22.500 денари ќе се обезбеди со усогласување на Законот за минимална плата, од идниот месец. Тоа значи 180% зголемување споредено со претходно, кога минималната плата беше 8.050 денари.
Во времето на ДПМНЕ, просечната плата беше едвај 360 евра. Денес таа е 650 евра, што е зголемување од 290 евра за само неколку години.
СДСМ со своите политки успеа да ги донесе платите до историски највисоко ниво, но тука не застануваме.
Платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат.
Во фокусот на економските политики на СДСМ е да се овозможи европски стандард за сите граѓани, подобри услови за стопанството, раст на економијата, одговорност за менаџирање со буџетот, со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат и сега и во иднина.