fbpx

Просечна плата од досега највисоки 40.000 денари, СДСМ го вреднува трудот на работниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Со економските социјалдемократски политики на СДСМ успеавме просечната плата во државава да ја издигнеме на историски највисоко ниво од 40.000 денари.

Тоа се 650 евра.

Поголеми плати не значат само повеќе пари во џебот на граѓаните, на работниците. Поголеми плати значи вреднување на трудот и најважно, повисок и подобар животен стандард.

Концептот на СДСМ да има повеќе за сите, парите да завршуваат назад кај граѓаните дава резултат и во услови на енергетска криза се покажаа исправни.

40.000 денари просечна плата или 650 евра се за 290 евра повеќе во споредба со времето на ДПМНЕ.

Тогаш работниците се третираа како евтина работна сила а парите се фрлаа на споменици и барок.

Тоа е суштинска разлика помеѓу концептот на ДПМНЕ и концептот на СДСМ кој значи поголеми плати, кој значи повеќе за сите.

СДСМ ќе продолжи со политиките на зголемување на платите и во новиот мандат.

Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра.

Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни.

Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024та година е можно и остварливо. Но тоа ветување, СДСМ го оствари со уште поголем износ од 650 евра.

Така ќе биде и овој пат со ветувањата кои ќе бидат дел од предизборната програма на претстојните избори.

СДСМ ќе продолжи да ја развива економијата, да растат платите и да има повеќе за сите.

Последни вести