fbpx

Штетници, ДПМНЕ ја кочи реализацијата на патот Ранковце – Крива Паланка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава.

Опозициската ДПМНЕ, со неставање на законот на дневен ред на комисијата за финансирање и буџет, бојкотира грант во висина од 14 милиони евра обезбедени од Светска Банка, со кои треба да се доврши патот.

Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка, ДПМНЕ повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на граѓаните, економијата, државата.

Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.

ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.

Последни вести