Соопштение за јавност
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски секојдневно потврдуваат дека се против правдата, против правната држава и владеење на правото.
Јавноста ги дозна шемите за хидроцентралите што Мицкоски ги правел со неговиот ментор Груевски и затоа, Мицкоски и антизападното раководство ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на одбрана на криминалите на Груевски.
Притисоците и мешањето во нивната работа заврши со замнувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Судовите денеска се независни институции кои постапуваат и работат по закон.
Македонија е правна држава. Секој оној за кој низ судска постапка се докажало дека ги прекршил законите мора да понесе одговороност.
Правда мора да има. Никој не е над правдата и законите.
Скопје, 11.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА