Што вели Владата во однос на загадувањето? Владата вели седете дома и затворете ги прозорците. Па дали ако седиме дома ќе дишеме Хималајски воздух? Зарем вашите деца и вие лично дишете воздух од Алпите? Не. И вие и ние, и вашите деца, и сите граѓани на Република Македонија го дишеме истиот катастрофален, енормно загаден и штетен воздух во Скопје и поголемите градови, рече пратеникот Стефан Богоев во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија