Соопштение за јавност
Пропаднатиот проект кој беше ветен од криминалната власт на Никола Груевски, за лускузен туристички комплекс на Охридското езеро на местото на автокампот Љубаништа на површина од неверојатни 240 хектари, останува забележан како една од најголемите измами во поновата историја на Македонија.
Уште една шема на менторот на Христијан Мицкоски, носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски, со Субрата Рој.
Контроверзниот начин на кој се буткаше овој пропаднат проект од почеток донесе низа проблеми. Локалните власти во Охрид беа тотално заобиколени, а граѓаните кои имаа имот таму живееа во страв што ќе се лучи со нивните имоти.
Денес, од пласираните лаги за овој пропаднат проект со контроверзниот Субрата Рој, којшто требаше да има луксузни хотели на вода, голф терени и марина, останаа само сликите со Никола Груевски, Зоран Ставревски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Од помпезно најавуван светки комплекс, денес Љубаништа е светки симбол на кирминалот и измамите на Груевски и неговите соработници.
Измамите, пласирањето лаги во јавноста, криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски.
Одбраната на криминалот на Груевски пак, е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.
Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски. Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.
На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.
Скопје, 07.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА