Соопштение за јавност
Конфузното антизападнато раководство на ВМРО ДПМНЕ покажува дека нема никаков допир со реалноста и фактичката состојба.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека прогресивниот данок се однесува на само 1 отсто од граѓаните со највисоки доходи, останатите граѓани остануваат на досегашната стапка на оданочување.
Со таквиот прогрсивен данок ќе се обезбеди фер и праведно оданочување на граѓаните, а ќе се намали економскиот јаз меѓу граѓаните што токму ВМРО-ДПМНЕ го продлабочи со 11 годишното криминално и расипничко владеење, кога илјадници граѓани беа на раб на егзистенција.
Со воведувањето на даночната реформа се обезбедуваат дополнителни 25 милиони евра во Буџетот со кои ќе се финансираат мерки за тррајно извлекување од сиромаштија на најранливите категории граѓани.
Истовремено, социјалната помош се зголемува за 300 отсто , а се воведува и образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.
Со воведувањето на пензиско социјалните реформи конечно добаваме стабилен пензиски фонд и ставање под контрола на буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% отсто токму поради криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на праведно и фер оданочување , како и подобрување на економскиот статус на најранливата група на граѓани.
Даночната реформа и пензиско социјалната реформа обезбедуваат еднакво општество за сите граѓани, колку и да е тоа неприфтливо за антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ.
Скопје, 08.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА