fbpx

Обвинителството да го истражи случајот по допрен глас, како Мицкоски добивал земјиште за хидроцентрала од Груевски кога му бил советник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако јавноста ја дозна целата вистина за спрегата на антизападниот пион Христијан Мицкоски со неговиот ментор Никола Груевски и шемите за хидроцентрали, Основното јавно обвинителство треба по допрен глас да постапи и да ги истражи сомневањата за судир на интереси.

Во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала.

Тоа е класичен судир на интерес.

Дополнително, Основното јавно обвинителство треба да ги истражи и основаните сомневања за друго незаконско постапување, дали има и организиран криминал?

Особено ако се има во предви дека во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Димовски е познат на јавноста како соработник – лева рака на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого се водат повеќе постапки пред надлежните правосудни органи.

Во времето кога оваа компанија го добила земјиштето, односно бизнисот, Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски а Мицкоски му бил советник на Груевски во Владата од којашто добиле земјиште.

Овие информации и документите за овој случај со Хидро Мицкоски се јавно достапни и секој може да го потврди.

Спрегата помеѓу ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски со Никола Груевски е очигледна и потврдена.

Очекуваме Основното јавно обвинителство и сите други надлежни институции да постапат и за наодите да ја информираат јавноста.

 

 

Последни вести