Денеска во Скопје, на дебатата Пристојна работа, во рамки на проектот Визијата за Македонија, разменувавме визии со граѓаните, како заедно да обезбедиме иднина за младите дома и пристојна работа за работниците. Во овие услови на безработица, кога примањата на вработените се на граница на егзистенцијална издржливост, тешко е и да се замисли да се говори за пристојна работа.
Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседателот на Комисијата за економија Драган Тевдовски објаснија како СДСМ тоа ќе го постигне и го соопштија децидниот став на СДСМ: Застануваме зад работниците и отвораме иднина за младите дома.
Ги слушнавме мислењета, сугестиите и предлозите од граѓани, граѓански здруженија и невладиниот сектор на кои искрено се заблагодаруваме и коишто внимателно се разгледуваат при заокружувањето на Програмата.
Погледнете ја заедничката презентација на Мила и Драган, во салата на еднаквите, во објектот на Скопски саем – Скопје.