Денешната дебата на тема Нова енергија во евро-атлантските интеграции на Македонија предизвика огромно внимание кај присутните граѓани, граѓански здруженија, невладин сектор, по што се отвори квалитетна дебата со присутните на којашто се презентираше визијата за Македонија интегрирана во Европа и НАТО. Мерките на СДСМ за враќање на земјата на патот на евро-атлантските интеграции ги претставија претседателот на Комисијата за одбрана, Максим Димитриевски и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова.
Сите мислења и предлози на граѓаните, на граѓанските здруженија, невладиниот сектор, професори, експерти се внимателно забележани и ќе бидат земени предвид при заокружувањето на Програмата.