Создаваме одговорна власт е темата на првата централна дебата којашто се реализираше денеска во Скопје, во рамки на проектот Визијата за Македонија.
Еднакво општество за сите, што ќе го обезбеди одговорна власт, отчетна пред граѓаните се темелите на дел од првиот столб од Визијата за Македонија што ја споделуваме со граѓаните.
Голем беше одзивот на граѓаните кои дојдоа на дебатата и ги споделија своите предлози, ставови, сугестии, идеи, што се внимателно забележани и ќе бидат земени предвид во заокружувањето на новата Програма на СДСМ.
Наша оценка е дека граѓаните се желни за дебата, имаат што да споделат и им недостигаат вакви собири на коишто можат да го кажат своето мислење. Продолжуваме и во следните 5 недели. Ве покануваме вас граѓаните и медиумите да ги следите дебатите кои имаат за цел заеднички да создадеме услови за слободно, граѓанско и економски стабилно општество.