Дел од обраќање, Зоран Заев, претседател на СДСМ, дебата, Охрид, 10.10.2015
Промените мора да бидат изградени на здрави темели. Дајте конечно да покажеме дека од оваа наша мајка Македонија може да имаме достоинствено место за живеење на сите нас. Да ни останат овде младите, да не ни заминуваат надвор, во јабана, во туѓина. Да ги вратиме, дај Боже и оние кои заминале, оти ви тврдам со целото мое искуство кое го имам и во општественото живеење и во политичкото живеење, и во деловниот сектор, и во земјоделието, и како граѓанин, и како упатен човек, можеме да се гордееме со нашата земја со сето она што го имаме како ресурси и како потенцијал. Можеме рамо до рамо да ја изградиме Македонија, гордост на сите нас.
Затоа посветено и внимателно да се посветиме овие месеци на градење платформа на којашто политичарите ќе дадат збор, ќе дадат ветување пред , за може да опстојат во идното реализирање на вистински програмски определби. Затоа настапивме со платформа, а не со програма. Платформа за да ја надополниме со сите граѓани ширум Македонија. Ќе држиме голем број трибини по државата, од коишто само 10-тина се во Скопје, а околу 20-тина се ширум Македонија. За да научиме повеќе, за да ни кажат луѓето суштествени потреби, за мерките да бидат вградени во еден документ којшто ќе биде преточен во Програма и наше ветување пред сите граѓани на Р.Македонија.