Соопштение за јавност
Поврзаноста на антизападниот пион Христијан Мицкоски со криминалите на неговиот ментор Никола Груевски излегуваат на површина.
Конзорциумот во кој удел има Христијан Хидро Мицкоски од владата на носителот на криминалот Груевски добил согласност за користење на вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали.
Мицкоски и конзорциумот во кој тој има удел, токму во време кога е советник на носителот на криминалот, Никола Груевски, во 2015 година, добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.
Тоа е класичен судар на интереси.
Очигледна е спрегата меѓу Христијан Хидро Мицкоски и Никола Груевски и зошто погубно се следат криминалните политики од страна на антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ.