Соопштение за јавност
Не е само Гордана Силјановска, горд на слика со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има и Христијан Мицкоски.
Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Јавно порачуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.
Што има заедничко Мицкоски со Ковачев?
Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?
Сликите кажуваат многу. Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.