Соопштение за јавност
На претстојните избори, изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со Пендаровски или изолација со Силјановска.
Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува.
Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.
Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.
Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.