fbpx

Ковачевски: СДСМ е стожер на родовата еднаквост во општеството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, присуствуваше и се обрати на трибината „Гласна и Храбра – Ти ја продолжуваш борбата“.
Ковачевски на трибината порача инвестирањето во родовата еднаквост, во жените, носи само добро за државата, носи побрз развој, прогрес, подобро општество за сите.

„Кога станува збор за СДСМ, 8 Март е првиот од 365-те дена во кои ние активно работиме на рамноправност и еднаквост. Навистина сум горд што предводам партија, која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ. Токму затоа жените отсекогаш биле и се на високи позиции и во Владата и во партијата. Во мојот мандат како премиер од министрите предложени од СДСМ беа 50% жени, сите заменици министри кои ги предложив беа жени, сите државни секретари кои ги предложив беа жени и сите членови на мојот кабинет освен шефот на Кабинет, беа жени.“, рече Ковачевски.

На трибината, Ковачевски говореше за сегашните мерки во однос на родовата еднаквост. При тоа, Ковачевски посочи дека СДСМ е предводник на концептот 50-50 на листите за пратеници во Собранието и советници во локалната самоуправа а во партиските органи и тела на СДСМ жените и мажите подеднакво се застапени. Министерските позиции на СДСМ во Владата се 50% жени, додека 40% од жените се на извршни функции и 33% во одлучувачки органи во спортот. Ковачевски потенцираше дека е донесен Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, а по усвојувањето на Истанбулската конвенција, секојдневно и активно се работи на целосно усогласување на законската регулатива за да се исполнат стандардите.

„Имаме Стратегија за родова еднаквост 2022-2027 која е основниот стратешки документ со кој се поставува основата за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените. Исто така донесена е Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022 – 2026 и Акциски план 2022- 2024 година“, речe Ковачевски.

Една од мерките е и Законот за Буџети, со кој се гарантира родов аспект во секој буџет, а со тоа и еднаков пристап до ресурсите на жените и мажите. Со Законот за минимална плата, за првпат се обезбеди изедначување на минималната плата за работниците во повеќе индустри како текстилната, кожарската и чевларската индустрија каде најголем процент од вработените се жени. Како дел од мерките што ги посочи Ковачвски, е решавањето на правото на користење надоместок за мајчинство, за жените земјоделки, како и загарантиран износ на минимална плата, која сега ќе достигне 22 500 денари, што е најголема придобивка за економската независност во индустрии во кои доминантно работат жени.

Владата предводена од СДСМ, го донесе Законот за прекинување на бременоста, со цел да се прекине и спречи понатамошното загрозувањето на здравјето и благосостојбата на жените.
Во новата програма на СДСМ, како што рече Ковачевски, поголемо учество на жените на градоначалнички позиции и првичниот таргет е 30%, над 50% жени во одлучувачки органи во спортот, над 50% жени на извршни функции, активација на млади со фокус на девојки. Ковачевски додаде дека во вториот мандат како претседател на Владата предводена од СДСМ, првиот закон што ќе го предложи ќе биде Законот за родова еднаквост.
Претседателот на СДСМ, Ковачевски, на трибината порача дека од СДСМ може да очекува напорна работа и продолжување на европскиот пат на кој ќе се удвојат напорите за општество во кое насилството врз девојки и жени е минато, а родовите стереотипи не постојат, постигнувајќи повисоки европски стандарди за нашата држава врзани со родовите прашања.

Последни вести