Соопштение за јавност
Оваа владеачка гарнитура покажа и докажа дека знае да ги цени квалитетите на жените, СДСМ покажа дека жените ги третира како рамноправни партнери, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска во емисијата „Избори“ на МТВ.
Лазаревска нагласи дека СДСМ покажа дека може од своите министри за делегира 4 министерки и 2 заменички министерски, 22, од 51 пратеничка во Собранието се од СДСМ и Коалицијата.
Не е тоа доволно, се покажаа жените дека вредат и дека се кавлитетни и треба да бидат застапени повеќе. дека СДСМ е партија со наголем демократски капацитет, со застапеност 50/50, за пратенички и советнички, што е стремеж на сите жени во државата, рече Лазаревска.
Лазаревска нагласи дека СДСМ во изминатиот период направи многу, донесени се низа закони за спречување на дискриминација, за казнивост на секакво вид насилство, вклучувајќи и психолошко насилство.
Откако дојде СДСМ на власт се потпиша и ратификува Истанбулската конвенција, кој со години седеше во фиока кај поранешниот премиер Груевски, го укинавме законот за забрана за абортус, и други насилни закони кои ја негираа жената и ја однесоа во бездна 11 години, нагласи Лазаревска.
Во врска со претстојните претседателски избори, Лазаревска истакна дека кандидатот поддржан од СДСМ Стево Пендаровски е победничкиот кандидат, додека ДПМНЕ се определи за губитничка варијанта.
Пендаровски покажа дека е човек од народот, го врати интегритетот на функцијата претседател, знае да пофали и да даде критика. Не му се потребни потписи од СДСМ и Коалицијата, туку може во еден ден да собере потписи, широко е прифатен од граѓаните, се определи да оди со прогресивните сили, добро котира и кај меѓународната заедница, нагласи Лазаревска
Пратеничката Лазаревска додаде Пендаровски ќе одговори на предизвикот да биде втор пат претседател на државата.
Пендаровски беше претседател и врховен командант на армијата кога, заедно со владата предводена од СДСМ влеговме во НАТО, верувам дека тој ќе биде претседател кога ќе ги завршуваме преговорите и ќе влеземе во ЕУ, нагласи Лазаревска.
СДСМ иднината на државата ја гледа во ЕУ како горда членка, можеме ако заеднички работиме посветено, да ја оствариме оваа цел до 2030 година. ЕУ ни е на дофат. Направивме многу, но немавме сенс и слух од опзоицијата, бидејќи за уставни измени се потребни 80 пратеници. Граѓаните во поглем процент посакуваат влез во ЕУ, не заради влез, туку заради промените, ЕУ значи поголема демкоратија, принципи, владеење на право, поголеми плати и пезнии, европски вредности, сите граѓани го сакаат тоа, порача пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска во емисијата „Избори“ на МТВ.