fbpx

Кузеска: СДСМ ќе води промотивна кампања, ДПМНЕ веќе води црна и негативна кампања полна со лаги

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ уште од сега навестува дека ќе има кампања којашто ќе биде пред сé промотивна со реална програма програма и ќе има за цел да ги промовира кандидатот за Претседател и пратениците на листите, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Кузеска нагласи дека од друга страна, кај ДПМНЕ станува збор за негативна и Црна кампања којашто трае 5 години.

“ДПМНЕ води црна и негативна кампања, со изјави, пресови, обраќања во медиуми, коишто се полни со лаги. На 40 степени луѓето се потпишуваа да не се населувале мигранти, потоа следуваше бојкот за пописот што пак резултираше со помала бројка на попишани Македонци, потоа следуваа лагите и заплашувањата дека ќе нема струја, храна на рафтовите, па асимилација, бугаризација, работи коишто се испоставија дека не се така, а некој го користеше тој момент само за партиски бенефит. Воопшто не се размислуваше за граѓаните, на реториката, дека тоа ќе поттике една поделба кај граѓаните, ќе поттикне и омраза, кон одредена група“, потенцираше Кузеска.

Портпаролката Кузеска додаде дека ДПМНЕ води црна кампања во интернет просторт, каде, само на твитер имаат најмалку 250 ботови, кои шират говор на омрза. Истите тие ботови кои ги окупирале социјалните мрежи ги читаме како ги поддржуваат ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.

“ Дегутантно е тоа што го споделуваат тие ботови, луѓе кои се без име и презиме. Шират говор на омраза, закани… Непријатно ми е да прочитам тука што сѐ пишуваат“.

Заклучокот е дека имаме противник, којшто постојано бил во негативна кампња. СДСМ е фокусирана на промотивна кампања низ годините, со промоција на мерките и нема зошто да бидеме поинакви бидејќи имаме мерки, проекти, коишто сме ги реализирале и имаме со што да се претставиме пред граѓаните, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести