fbpx

Мадиќ: ДПМНЕ призна дека не е за борба против корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Црните листи ќе се спроведат со постапување по Законот за ресриктивни мерки, истакна членката на ЦО на СДСМ и заменик министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Мадиќ нагласи дека Владата тргна во измени и дополнувања на Законот за рестритквини мерки, со кои се предвидува Владата по донесување на црна листа, за тоа да поднесува иницијатива до ЈО, бидејќи извршната власт не може да се меша во судството.

Овој закон не е спротивен на Уставот ниту може да се поврзе со законот за меѓународна соработка во кривична материја, за кој со денови ДПМНЕ го зборува, рече Мадиќ, додавајќи дека опозицијата го блокира законот во собранието.

Претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ, Викторија Мадиќ запраша зошто ДПМНЕ ја попречува правдата и не дозволува донесување на измените во законот за рестриктивни мерки, со што признава дека не е за борба против корупцијата.

Драго ми е што вечерва признавте дека не сте за борба против корупција, нема да го поддржите законот и вашиот претседател на комисијата Антонио Милошоски нема да го пушти законот, нагласи претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ и заменик министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести