Интервју за МТВ, Димитар Ковачевски, претседатед на СДСМ
Во изминатите 7 години имаме направено многу, имаме позитивни резултати во покачувањето на платите, во време на СДСМ Северна Македонија стана членка на НАТО, после 17 години ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Дали имало грешки? Секако да, затоа во следната Влада тие грешки ќе бидат корегирани, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МТВ.
Ние докажавме дека СДСМ е единствената политичка партија, единствената политичка сила во државата кога е на власт тогаш Македонија се движи во евроатланските интеграции, додаде тој.
Во време на СДСМ, Македонија стана земја членка на НАТО, благодарение на СДСМ после 17 години чекање ги отпочнува преговорите со ЕУ. За уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите и клучниот процес кој треба да го обезбедиме е пристапувањето кон полноправно членство во ЕУ, додаде Ковачевски.
Обезбедивме 2,6 милијарди евра антикризни мерки за граѓаните, бидејќи тоа се финансиски средства коишто треба да се финансираат во буџетот.
Обезбедивме непречено снабдување со електрична енергија во време на најголема криза и да ја искористиме како шанса. Затоа, исто така сум горд не само на себе, туку и на сите што работат со мене и на македонската економија што за две години имаме инсталирано 600 мегавати обновливи извори на енергија кои само споредете ги со она што е инсталирано во 2016, 16 мегавати. Значи историски најголемо ниво на инсталирани обновливи извори на енергија, додаде Ковачевски.
-Ние веќе имаме позитивни резултати во зголемувањето на платите, затоа велиме дека платата, просечната плата ќе биде точно над 1.100 евра, а минималната ќе биде над 600 евра. И граѓаните знаат дека со нас тоа можат да го имаат, бидејќи ние кога ветивме дека ќе има 500 евра просечна плата никој не веруваше во тоа. Ние сега имаме 650 евра просечна плата во државата. Кога велевме дека минималната плата од 8.000 денари ќе ја зголемиме, ние ја зголемивме неколкукратно минималната плата во државата. Зошто за уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите и клучниот процес кој треба да го обезбедиме е пристапувањето кон полноправно членство во ЕУ, потенцираше Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ немаат план за иднината, немаат план за зачленување во ЕУ, додека СДСМ има јасен план до 2028 година и пристапување кон членство до 2030 година.
-Во нашата држава не постои алтернатива на процесот на европските интеграции. Јас следев вчера што имаше ВМРО – ДПМНЕ во програмата. Тие имаат еден дел за ЕУ, тие цело време зборуваат дека ќе го претстават планот за зачленување во ЕУ, но таму нема план за зачленување во ЕУ. Таму има неколку празни флоскули кои сме ги гледале 11 години во времето на Никола Груевски. Кај нас има јасен план, донесување на потребните одлуки, завршување на процесот на преговори до 2028 година и ратификација на пристапувањето до 2030 година со што Македонија станува полноправна членка на ЕУ. Граѓаните знаат дека единствена политичка партија со која има европска интеграција на државата е СДСМ, рече претседателот Ковачевски.