fbpx

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје.

Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања.

Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.

Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ДПМНЕ тоа најдобро го знаат.

ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко автобуси, мега паркови, капитални проекти, спортски сали, паркови.

Ништо од ветеното не е реализирано.

Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.

Нема нови 250 автобуси, нема нови паркови. Граѓаните се иневерени, изборните ветувања неостварени.

Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.

Последни вести