fbpx

Платформата се само нови лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Платформата на ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот на Скопје.

ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, ништо од ветеното не реализираше, а сега излегува со нови лажни ветувања.

Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија во долгови.

Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.

Промовираната Платформа 1198 на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.

Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.

Последни вести