fbpx

Членството во НАТО и ЕУ, ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, зголемена конкурентност и сигурен пласман на европските пазари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Приближувањето кон НАТО и ЕУ, ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, сигурен пласман на европските пазари за грозјето и за нашето вино, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој е во посета на Демир Капија.

Николовски потенцираше дека патот кој Владата го трасира кон НАТО и ЕУ е историска можност за Македонија, а со Договорот со Грција се отстрани најголемата пречка на овој пат кон европска Македонија и европско земјоделство. 

„ Државата носи многу мерки за поддршка на лозарите, но многу повеќе можеме да направиме заеднички со ЕУ и НАТО . Државата се наоѓа пред еден од најважните моменти, затоа ни е потребна ЕУ и влезот во НАТО. Тоа ќе значи многу и за македонската економија, и за лозарството како најзначајна извозно ориентирана стопанска гранка. Нашиот влез во НАТО и во ЕУ ќе значи повисоки откупни цени за грозјето, сигурен пласман на македонските производи, на грозјето и виното, зголемени европски субвенции, зголемен извозот, отворање на пазар со 500 милиони потрошувачи. Затоа 30-ти септември е денот кога треба да излеземе и да гласаме за европска Македонија“, изјави Николовски.

Николовски истакна дека секоја мерка што се презема во лозарството е во насока на зголемување на производството на грозје и воведување на нови сорти кои се барани на странските пазари. Во таа насока, се воведе нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите смедеревка и вранец, која ќе придонесе за поголема рентабилност на производството, за 20 отсто се зголеми субвенцијата за одржување на лозови насади за земјоделците со развоен потенцијал, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат наместо 40.000 денари 48.000 денари  по хектар за одржување на насади. Претворена во килограми, оваа субвенција изнесува половина денар по килограм, што значи дека вкупната финансиска поддршка заедно со дополнителната субвенција ќе изнесува 1,5 денари за килограм. Во рамки на посетата на Демир Капија, Николовски имаше средба со градоначалникот Лазар Петров и ги посети откупните пунктови за грозје. Во текот на денот ќе има и средба со лозарите од овој регион со цел да се види моменталната состојба со бербата и откупот на грозје.

 

Последни вести