fbpx

Наместо да шири невистини ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесите, заедно да обезбедиме членство во НАТО и ЕУ со заштитен идентитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ треба да се вклучи во процесите. Има историска можност заедно да обезбедиме членство во НАТО и ЕУ, влез во европското семејство, со заштитет и признаен идентитет од целиот свет.

Со само едно читање на Договорот може да се види дека Македонија не се брише, а македонскиот идентитет ќе биде признаен од целиот свет, еднаш-засекогаш.

Во Договорот којшто е јавно достапен за секој граѓанин е појаснето значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните. Во Член 1 од Договорот, јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“.

Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина конечно се обезбедени еднаш засекогаш и никој нема да може да ги негира или опсорува.

Зарем на ВМРО-ДПМНЕ му пречи признавањето на македонскиот идентитет од целиот свет?

ВМРО-ДПМНЕ треба да се приклучи во историското движење кое ја носи Македонија во ЕУ и НАТО, да ги повика своите челнови и симпатизери да излезат на реферндумот и да гласаат ЗА европска Македонија, да гласаат ЗА Македонија да стане дел од европското стабилно семејство.

 

Скопје, 09.09.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести