fbpx

Мицкоски, не поминуват празни фрази, кажи став!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да даде одговор за најважното прашање , референдумот на 30 септември, Христијан Мицкоски денеска повторно излегува со празни фрази.

Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните освен празни фрази, лажни вести и измислици.

Не поминуваат празни фрази Мицкоски, кажи јасен став за редерендумот.

Доколку Мицкоски има минимум одговорност за историскиот момент во кој се наоѓа Македонија, досега јавно пред граѓаните ќе го кажеше ставот за референдумот и немаше да се крие зад наводни ,,широки консултации”, зад лажни вести и измислици.

Граѓаните одамна ја препознаа несериозноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се цврсто определени за развој, напредок и интеграција. На 30 септември граѓаните масовно ќе излезат на референдум и ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат историско ДА за македонската иднина.

Скопје, 27.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести