Соопштение за јавност
Дали и денеска ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно нема да покажат одговорност пред граѓаните и државата и нема да соопштат јасен став за референдумот за македонската иднина?
ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект што нема јасен став за најважното прашање во поновата македонска историја.
Дали на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи напредокот на Македонија? Дали им пречи тоа што пред нас е шансата за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет?
Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја вратат Македонија во темното минато, во времето на насилство, криминал, неизвесност и тензии?
Граѓаните се определени за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.
Граѓаните се определени за развој, напредок и интеграција.
Затоа на 30 септември одлучно и достоинствено граѓаните ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет, ќе кажат ДА за македонската иднина.
Скопје, 26.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА