fbpx

Честитка од Кирацовски за Успение на Пресвета Богородица: Jа потврдуваме определбата за меѓусебно почитување и заеднички напредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите верници кои го чествуваат празникот и до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име ви го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.

Празнувањето на успението на Богородица значи почитување на разбирањето и љубовта кон човекот, кон блиските, но и на толеранцијата, како универзални човекови вредности.

На овој голем ден ја потврдуваме нашата определба за заеднички напредок, за слога, за меѓусебно почитување и разбирање на сите граѓани на Република Македонија.

Само со заедничка почит, со меѓусебно помагање ќе изградиме општество еднакво за сите кое оди напред.

Нека ни е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица“.

Скопје, 28.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести