fbpx

ВМРО-ДПМНЕ јавно призна дека жали за успехот на Македонија, граѓаните имаат причина да слават, членство во НАТО е историски успех

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно призна дека жали за постигнатиот успех на Македонија.

Поканата за влез во НАТО е остварување на стратешките интереси, реализирање на целите поставени уште од денот на осамостојувањето. Целата домашна јавност, целиот демократски свет го поздравува и честита напредокот на Македонија, освен ВМРО-ДПМНЕ којашто јавно изразува жалење на поканата за влез во НАТО.

Колку и да не може да се помири со успехот на внатрешен и надворешен план на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека граѓаните имаат право и заслужуваат достоинствено да ги прослават историските успеси.

Македонија има причина да слави, поканата освен што е оставрување на децениски заложби истовремено со себе носи и поставување и исполнување на нови стандарди коишто обезбедуваат секојдневни придобивки и подобри услови за живот на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ мора да се одважи и да престане да врши притсок врз музичарите кои на чесен и транспарентен начин учествуваат во прославата на еден од најголемите успеси. ВМРО-ДПМНЕ мора да се откаже д создавањето поделби и сеењето омраза кое е насочено кон граѓани и кон музичари.

Македонија оди напред и запирање нема, граѓаните велат ДА за членство во НАТО и ЕУ, велат ДА за македонската иднина.

Скопје, 14.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести