Соопштение за јавност
Со постигнатиот конечен Договор за деценискиот спор со Грција македонскиот јазик и македонскиот идентитет се обезбедени еднаш засекогаш.
Македонскиот јазик станува еден од јазиците НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската Унија. Тоа е потврда за нашиот, македонски идентитет.
Влегуваме во НАТО со македонски јазик и македонски идентитет.
Со тоа се потврдува, Договорот е патриотски чин што го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина.
По години изолација и неизвесност, Македонија конечно оди напред, станува 30 земја членка на НАТО и започнува преговори за членство во ЕУ во јуни 2019 година. Се остваруваат стратешки интереси и цели поставени уште од денот на осамостојувањето. Македонија станува дел од евроатлантското семејство кадешто вредносно и цивилизациски припаѓа.
Скопје, 14.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА