fbpx

Зелен покрив на ГТЦ и нови 12 илјади садници, за позелено и еколошки почисто Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжуваат заложбите на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов за еколошки почист, функционален и урбан град за граѓаните.

Во таа насока за поздравување е и продолжувањето на соработката на град Скопје со УНДП за поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени, вклучувајќи ги и граѓаните во носењето на одлуките и следејќи ги нивните потреби со цел подобар живот за сите.

Интензивното зазеленување на делови од градот со засадување на 12 илјади нови садници на територијата на Скопјеоваа година како и најавенатаизградбата на зелен кров во Градскиот трговски центар се дел од покрупните активности кои што имаат за цел поголема заштитата на животната средина, заштитата од климатските промени и зголемување на отпорноста на Скопје и е воедно и продолжување и на досегашните проекти и активности на градските власти и УНДП.

Зазеленувањето на градот, зелениот кров на Градскиот трговски центар, решавањето на проблемот со Дрисла и Усје, набавката на новите 40 –те еко автобуси и други примери покажуваат дека Град Скопје посветено работи во интерес на граѓаните со намалување на загадувањето, заштита на животната средина, зголемување на енергетската ефикасност и воедно создавање на подобри услови за живеење на граѓаните во главниот град.

Скопје, 07.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести