fbpx

Мицкоски треба да знае што добива Македонија со влез во ЕУ и НАТО, време е да повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На Мицкоски треба да му е јасно што добива Македонија од влезот во ЕУ и НАТО и затоа време е да се охрабри и тоа да го признае јавно.

Христијан Мицкоски знае дека со влезот во ЕУ и НАТО Македонија и нејзините граѓани добиваат стабилност и безбедност, отворање на нови фондови, нови инвестиции и повеќе пари кај секој граѓанин.

Наместо за едно од најважните прашања во историјата на Македонија да го сведува на квиз прашање, конфузниот Христијан Мицкоски јавно да го каже ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот.

Можеби Мицкоски сонува за амнестија но амнестија за криминал нема да има. Расчистувањето со криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и правда за сите е државен интерс.

Мицкоски да не помислува да ја кочи македонската иднина. Нема да дозволиме Македонија да се врати назад во мрачното минато на изолација, криминал, корупција и неизвесност.

Договорот со Грција обезбедува членство на Македонија со ЕУ и НАТО и го зајакнува македонскиот идентитет.

Граѓаните ќе го имаат послендиот збор на референдум. Наместо да го брани Иванов и неговите штетни политики, Мицкоски треба да се охрабри и да ги повика членовите да излезат на референдум.

Скопје, 05.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести