Соопштение за јавност
После 11 години изолација, поделби, деструкција и назадување заради криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, после 11 години порази на внатрешен и надворешен план, Македонија денес конечно реди уисториски успеси и победи.
И покрај деструктивното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија одлучно оди напред по нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО, пат што е точно определен.
Македонија добива покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата, а веќе доби и датум за преговори со Европската унија. Тоа е остварување на стратешките интереси на Македонија и нејзините граѓани.
Единствено ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати успехот на Македонија што е препознаен, признаен и вреднуван од целата јавност и целиот демократски свет.
Му се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ или не, времето на изолација, конфликти и поделби заврши. СДСМ, граѓаните и институциите нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Македонија тргна напред и враќање назад нема.
Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се за членство во ЕУ и НАТО тогаш ќе дадат поддршка на Договорот којшто го обезбедува идентитетот и ги остварува националните и државни интереси. Во спротивно, нивните декларативни заложби се само празни флоскули преку кои ја лажат јавноста.
Скопје, 01.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА