Соопштение за јавност
„Нашата заложба за наредните четири години е Македонија да биде држава со независен судски систем и владеење на правото согласно ЕУ принципите и силни институции со еднаков третман за сите граѓани“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред присутните граѓани, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Сопиште и најави дека тоа ќе биде една од основните заложби на СДСМ во наредните четири години.
„ Нема веќе да има злоупотреби за лични богатења, системски неправди! Ама затоа ќе има ветинг за судиите, обвинителите, пратениците, министрите, директорите и другите раководители. Ќе излезе на виделина кој работел чесно и исправно, а кој ја злоупотребил позицијата за да се богати на грбот на граѓаните. Ќе има ред и правда! Од тоа нема да се откажам во ниту еден момент!”, истакна Ковачевски.
Тој порача дека само со ставањето ред во сите институции и селекција на јавни позиции само на оние кои работат чесно и посветено Македонија ќе докаже дека искрено се залага за целосно воведување на стандардите и вредностите на Европската Унија.
Линк од пренос во живо: