Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, вчера беше во посета на Демир Хисар каде се сретна со граѓаните на оваа општина, како и со членови и поддржувачи на партијата.
На средбите се разговараше за реализација на мерките од програмата за подобрување на стандардот на граѓаните како и за инвестициите во инфраструктурата, многу значајни сегменти за подобрување на животот на граѓаните.
– Подобар живот за сите граѓани е наша приоритена цел на која работиме и затоа спроведуваме мерки и проекти во кои се опфатени сите општини. Рамномерен регионален развој и подобар живот и на локално ниво, во секое населено место е она за кое што се залагаме, рече Манчевски.
Рехабилитација на постоечките патишта, водоводната и канализациона мрежа се она на кое што се работи и во Демир Хисар.
-Граѓаните на Демир Хисар знаат. Како Влада започнавме сериозен циклус на инвестиции во инфраструктурата за изградба и реконструкција на 60 патни правци низ целата држава, а во реализација се и над 30 проекти во комуналната инфраструктура.
Тука би ја спомнал и изградбата на канализациона мрежа со подтретман на отпадните води во оваа општина, иневстиција којашто е дел токму од тие проекти во комуналната инфраструктура. – додаде Манчевски.
Манчевски со граѓаните зборуваше и за мерките во земјоделството кои го олеснуваат животот на земјоделецот, спроведените мерки кои ги намалуваат трошоците за живот, го подобруваат животниот стандард на граѓаните и враќаат повеќе пари кај граѓаните.