Соопштение за јавност
СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник и мора да пишува писма за да го оправда своето шурување и своето коалицирање со нашиот политички противник. Овде се работи за прашање на иднината на државата и со неа нема тргување. Фокусирани сме да постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.
Ковачевски нагласи дека ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.
СДСМ е најголемата и единствената автентична социјал-демократска партија во Македонија. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек – партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас не водат социјал-демократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности, рече Ковачевски.
Претседателот Ковачевски нагласи дека СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во Европската Унија.
Ние не се откажуваме од Македонија во ЕУ! Верувајте, тоа не е цел сама за себе! Не се откажуваме од ЕУ затоа што знаеме дека тоа ќе обезбеди повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.