Соопштение за јавност
Години наназад, СДСМ е политички субјекти со кристално чисто финаниско работење и затоа во финансиските извештаи се констатира вистинитост и објективност а начинот на владеење покажува отченост, транспратеност и одговороност.
ВМРО-ДПМНЕ е целосна спротивсност. ВМРО-ДПМНЕ е симбил, синоним за криминално владеење, провизии, лични богатења врз грбот на граѓаните неспособност. Тоа го потврдија 11-те години власт на ВМОР-ДПМНЕ.
Ревизорскиот извештај за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека на сомнителен и незаконски начин се работело и во самата партија.
За најбогатата партија во Европа Ревизорот констатира дека „не може да даде мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи“ на ВРМО-ДПМНЕ кога партијата ја води Никола Груевски.
Според извештајот за 2016 година ВМРО-ДПМНЕ незаконски имала три сметки, исплаќала пари за консултантски услуги без фактури а се откриваат и сомнителни односи и постапки пред надлежни органи за милионскиот „бел дворец“ односно партиското седиште.
Додека граѓаните се бореа со долгови и сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ потрошила 386 000 евра за изработка на над 200 уметнички слики, но притоа нема фактури што ќе докажат каде завршиле тие пари.
Ревизорот меѓу другото ги наведува и начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината, непостоење на пречистени текстови на закони и неусогласеност на Упатството за распределба на буџетските пари за годишно финансирање на партиите со одредбите од Законот за финансирање на политичките партии.
Со еден збор хаос.
Христијан Мицковски наместо да им се извини на граѓаните за пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го остави по 11 годишното криминално владеење и да се огради од политиките на Никола Груевски останува на браникот на криминалот.
Оттука, Мицковски да не бега од јавноста туку да одговори дали и што му должи на Никола Груевски?
Скопје, 02.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA